Израелската војска објави дека е подготвена за „координирана“ воздушна, копнена и поморска офанзива во Газа. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија соопштение во кое се вели дека се подготвуваат да „спроведат широк опсег на оперативни офанзивни планови“ – без да прецизираат кога тие ќе се случат.
Плановите би можеле да вклучуваат „комбинирани и координирани воздушни, морски и копнени напади“, се вели во извештајот. Се додава дека опремата потребна за борбата во последните денови била „префрлена на соодветните сили“. Баталјоните и војниците на ИДФ се распоредени низ целата земја и ја зголемуваат оперативната подготвеност за следните фази од војната, со фокус на значајните копнени операции“, се вели во соопштението.