Израелскиот Парламент изгласа предлог-закон со кој се самораспушти и свика предвремени избори на 9 април.
Владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи во понеделник да го распушти 120-члениот Кнесет во кој остана со мнозинство од само еден глас по оставката на министерот за одбрана и лидер на ултранационалистичката партија Бејтену Авигдор Либерман, минатиот месец.
При формалното гласање, пратениците го усвоија законот со 102 гласа „за“, а двајца беа против.
Редовните парламентарни избори требаше да се одржат во ноември.