Дваесет семејства на заложници, држени од членовите на Хамас во Газа, го обвинуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за неуспехот на преговорите за враќање на израелските заробеници и бараат негова смена од премиерската позиција.
Зборувајќи со новинарите, роднините на заложниците изјавија дека Нетанјаху ги одбил понудите за ослободување на заложниците и дека ја отежнал позицијата на Израел во преговорите со Хамас, објави „Тајмс оф Израел“.
– Тој е пречка за договорот“, додаваат роднините на заложниците, наведувајќи дека премиерот одлучува без консултација со владата и дека се грижи само за своите интереси.
Роднините тврдат и дека владејачката коалиција водела клеветничка кампања против семејствата на заложниците.
– Однесувањето на Нетанјаху е незамисливо. Тоа е криминал. Немаме избор. Ќе работиме веднаш да ве отстраниме – тоа е најбрзиот начин да се постигне договор, нагласуваат тие и ги повикуваа членовите на коалицијата да назначат нов премиер.