Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (74) се опоравува по итната операција, соопшти утрово неговиот кабинет.
Нетанјаху „е во добра форма и почнува да се опоравува“, додаде неговиот кабинет, кој вчера попладне објави дека премиерот ќе биде подложен на операција откако еден ден претходно открил хернија за време на рутински преглед.
На израелскиот премиер му беше извршена хируршка интервенција додека синоќа во Ерусалим се одржуваше протест против неговата влада. Демонстрантите бараа ослободување на заложниците и предвремени парламентарни избори.
Додека премиерот не закрепне, владата ќе ја води неговиот заменик, министерот за правда Јарив Левин.