Израелските одбранбени сили (ИД) денеска во бомбардирање убиле тројца членови на милитантната група Хезболах на југот на Либан, од кои еден е командантот Исмаил Баз, јавуваат регионалните медиуми.
Хезболах соопшти дека жали за смртта на Баз, но не даде повеќе детали, додека ИДФ информираат дека тој бил командант на крајбрежниот сектор на милитантната група и бил вклучен во планирањето на ракетни напади врз Израел, пренесува Ројтерс.
Во одделни напади, ИДФ уби уште двајца членови на групата Хезболах, гаѓајќи ги нивните автомобили.