Американскиот претседател Доналд Трамп веројатно ќе го посети Ерусалим в недела, соопшти израелското претседателство.

Денеска беше објавено дека израелскиот претседател Исак Херцог ги откажал своите планови за тој ден, со оглед на очекуваната посета на Трамп, и покрај недостатокот на официјална изјава од Белата куќа.

Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар објави дека неговата земја го поддржува планот на американскиот претседател за прекин на воените операции во Појасот Газа.