Њујорк – Очекуваниот награден фонд на американската лотарија Мега милиони, надмина повеќе од 1.6 милијарди долари со што е најголем џек пот во историјата на САД.
Бидејќи во петокот не беше извлечена главната награда од милијарда долари, сумата што среќниот добитник може да ја освои денеска е значително зголемена.
Наградата е многу зголемена бидејќи не е извлечен џек пот од 24 јули кога група граѓани освоија 543 милиони долари. Тикетот чини два долара и шансата некој играч да ги погоди сите шест бројки е исклучително мала – еден спрема 302,5 милиони.