Камион денес околу пладне излета од патот пред Стража кон Охрид.

Поради оваа незгода, сообраќајот се одвиваше по една лента.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица. На местото на настанот присуствуваше полиција која го регулираше сообраќајот, а надлежните служби работеа на отстранување на возилото и нормализација на состојбата на патот.