Бремената жена позирала на една плажа на Флорида, кога нејзиниот сопруг ја фотографирал баш во моментот кога се случило нешто неверојатно.

Еден татко со својот фотоапарат забележал неверојатен момент кој веројатно секогаш ќе го памети, додека ја фотографирал својата сопруга која била во деветтиот месец од бременоста.

Тие не очекувале дека на оваа фотографија вниманието на оној кој ќе ја види ќе го привлече нешто сосема друго во позадина, а не среќната бремена жена.

Имено, 31 – годишната Анџелина Мозер позирала на една плажа на Флорида кога нејзиниот сопруг Ден ја фотографирал, во истиот момент кога од водата скокнал прекрасен делфин.

Ова случување не е од ова лето, но фотографијата трета година по ред се вбројува во изборите за најубавите фотографии направени на плажа.