Граничната полиција во албанскиот приморски град Саранда блокираше туристички брод и го приведе капетанот на пловниот објект, кој по извршената контрола произлегло дека е украден.

-Запленета е јахтата „Либертас“ на која беа три лица, еден турски и двајца руски државјани. Доплови од гркот остров Крф, а по проверката прозлезе дека е украдена во Турција. На албанска територија бродот впловил преку пристаништето во Саранда, соопшти полицијата.

Приведено е лицето Д.У.(47) од Република Турција,кој заработил кривилна прјава за „шверц на моторни средства“.

Граничната поморска полиција од Саранда по размена на информаци со колегите од Грција и од Црна Гора прозлегло дека јахтата е сопственост на турска државјанка.

-Вработените на граничната полиција во Саранда разменија информации со нивните грчки и црногорски колеги и по проверката спроведена од Интерпол Тирана, се покажа дека јахтата која е сопственост на турска државјанка,е украдена, стои во полициското соопштение.

Се додава дека е информирана турската полиција,која контактирала со сопственичката за понатамошни активности.