Со тоа што ќе предложат Уставот се промени сега, ама да дејствува кога ќе влеземе во Европската унија, се однесуваат како клетва. Клетвата да не стигне сега, ама да стигне малку подоцна, рече Јакимовски
„Господинот Димитриевски ја даде таа изјава и тоа што го кажа овде, пред ‘Македониумот’ во Крушево, сакајќи да го понижи македонскиот народ и не може натаму да глуми патриот, таа изјава требаше да оди да ја даде таму, во Софија, во ‘столицата’ на истата емисија, на истата телевизија, ќе го пречекаа и ќе го испратеа и ќе го ‘почерпеа’ Бугарите онака како што треба за таква изјава. Ние не можеме да се сложиме со таа работа, затоа што тоа што тие ни го нудат е практично обезличување на македонскиот граѓанин на рати, не сега, но постепено и слично на изјавата на Питу Гули кога Никола Карев му вели ‘да се повлечеме Питу, затоа што ова ќе биде ужасен крај’, а тој му вели ‘подобро ужасен крај, отколку ужас без крај’.Тоа што Максим Димитриевски, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го нудат на македонскиот народ е ужас без крај.!“, рече Јакимовски.
Според него, се формира група од партии коишто нема да направат Влада со оние што не се подготвени да го променат Уставот.
„Сите тие што се плашат да не дојдат на „’црна листа’ да ми прават друштво, сега пред време викаат еве ние ќе гласаме за Уставот како што ќе кажат Американците само да не нѐ стават на црна листа и само да можеме да продолжиме да си правиме тоа што сакаме. Со ова господинот Димитриевски им се приклучува на ДУИ, Алијанса и Алтернатива и нивните ставови дека и тој ќе поддржи промена на Уставот на Република Македонија, внесување на Бугарите во Уставот, а јас му гарантирам дека кога ќе се отвори Уставот уште повеќе ќе настрадаат Македонците со тоа што ќе има и други уставни промени во кои сѐ повеќе ќе се поткусурува македонскиот народ како монета“, изјави Јакимовски