Порака до Љубчо Софија,
Љубчо додека даваш многу совети, седнат во скутот на СДС и ДУИ, јас имам само еден совет:
Ќе влеземе и во ЕУ, и ВМРО ќе победи, само требаш да објасниш како се станува од просечен граѓанин, до просечен бизнисмен, со неколку милиони евра имот, и необјасниво многу друг вид на капитал. Значи едноставно нели почувствува обврска да вратиш дел од парите на народот.
И на крај додека пишуваш за иднината на Македонија дај еднаш расчисти со историјата на Бугарија, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Мане Јаковлевски од ВМРО-ДПМНЕ.
Јаковлевски реагира, откако Љубчо Георгиевски на ФБ се обрати до Никола Груевски а на навредлив начин и до ВМРО-ДПМНЕ:
„Сè што ми напрaви мене, сега ти го прават тебе. По учебникот што им го остави. Само, очигледно, тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни. Порака до ВМРО-Шумадија: Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер, кој единаесет години ви даваше власт. Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартијци што лежат по затворите вклучувајќи ги и тие од 27 април. Да ѝ помогнете на Македонија на патот до Европа“, напиша Георгиевски на Фејсбук.