Од утврдениот Ерусалим со големата централна градба која ја претставува замислената слика на неговиот храм, се движи налево и низбрдо кон Голгота, помеѓу карпи и набљудувачи, поворката со Христос кој го носи крстот.
Пред него се разбојниците со врзани раце на грбот, а зад него чета добро вооружени коњаници. Според некои, првиот меѓу нив, оној на белиот коњ, е царот Сигисмунд.
Иако ова не е оригиналното дело на Јан ван Ајк, туку мошне прецизна копија, сликата е мошне значајна бидјеќи го има зачувано изгледот на сликата која веројатно е создадена меѓу 1422-1424 година кога сликарот бил на хашкиот дворец на војводата Јохан Баварски.
Дела блиски до оригиналот се „Христос на крст меѓу Богородица и св. Јован“ (Музеј Далем, Берлин), крила со „Распетие и страшниот суд“ (Метрополитен музеј, Њујорк) и седум познати минијатури.
Помал број автори, посебно некои претставници на виенската школа на историјата на уметноста, сметаат дека будимпештанската слика „Пат кон голгота“ е работена според Оуватер, додека Клара Гараш смета дека оригиналното дело е насликано токму од Оуватер и то пред петтата деценија од 15.век.
Сликата е набавена во 1904 година од будимпештанската збирка на Игњац Петери. Претходно била во збирката на виенскиот скулптор Ханс Гасер, а продадена е на 5 април 1869 година на аукција.
(масло на храстова даска, 97,5х129,5 см)