ЈАНДРИОВСКИ В ЗАТВОР ПОРАДИ ПОСТ НА ФЕЈСБУК: Време е да ја платам цената на непокорот – никогаш Северна!

/ 27.08.2020

Патриотот Кристијан Јандриоски од скопската населба Ѓорче Петров, во статус на Фејсбук денеска напиша дека е „време да ја плати цената за непокорот“.

Тој, како што објави на Фејсбук, својот патриотизам ќе го плати со казна затвор која му ја изрече судот, а веќе добил и упатен акт за извршување.

-Време е да ја платам цената за непокорот. Ебати животот ако не си спремен да умреш за неа. #НикогашСеверна ?⚫, стои во објавата на Јандриоски на Фејсбук.

Тој на социјалните мрежи е активен критичар на актуелната власт и нескриено ги истакнува патриотските чувства спрема Македонија и се што е македонско.


Од истата категорија