Јане ЧЕНТО:
– Вака одлучи внатрешната контрола при МВР кога ме вратија во Шутка и кога поднесов претставка.
– Внатрешната контрола при МВР ја заврши работата професионално каде КОНСТАТИРА дека полицискиот службеник лажел, дека јас сум бил дома но полицискиот службеник изготвил службена белешка дека не сум дома од 11.10 – 11.40 што видно од камерите се гледаше дека не е така, но МВР не знаеше за камерите кои ги поставив ВЕДНАШ по одредување на куќен притвор, бидејќи БЕВ УБЕДЕН дека ќе има некоја местенка и така испадна.
– Дури со татко ми имав малку “закачка” веднаш по враќање дома бидејќи му реков да наместиме камери веднаш, а кутар човек ми вели – “сине немаме пари за адвокат ти камери сакаш” , и му реков, ќе ме местат човек, овие се мафија и зло невидено, и не погрешив.
– Но што е интересно во цел овој случај, по неколку дена доаѓаат да ме вратат во Шутка со судско решение каде што се вели дека не сум ја почитувал наредбата и не сум бил дома. Искрено не бев изненаден со оглед дека тие денови на другите обвинети за 27ми и правеа пушти – врати во Шутка.
– Кога дојдоа полицајците ми го дадоа решението и ми викаат “Јане мора да те вратиме во Шутка по наредба на суд”- јас го зедов решението го прочитав и таму пишува исто онака како што полицискиот службеник напишал дека не сум бил дома.
– Им реков на полицијата да седнат додека се спремам за Шутка и ги вратив камерите на тој ден што ме обвинуваат дека не сум бил дома и да видат и тие со свои очи како лажат за да ме вратат во Шутка, тие рекоа – “што да ти кажеме Јане мора оваа наредба да ја спроведеме, дај ги снимките во суд ќе те пуштат се гледа дека си дома, некој сака да те мести, добро е што си ставил камери”.
– Се поздравив со син ми повторно, по втор пат како доаѓа полиција да ме носи од дома и заминав за Скопје во Шутка апсолутно без никакви проблеми бидејќи бев УБЕДЕН дека има малку, барем малку правда во Македонија и дека ќе се исправи таа неправда што ми ја прават и таа местенка.
– Во Шутка се вратив и изненадени беа и таму командирите зошто, како, што се деси итн итн. Небитно.
– Веднаш поднесов претставка до МВР внатрешна контрола и го повикав народниот правобранител од кои добив ветување дека ќе го истражат случајот најбрзо што може.
– После скоро два месеци истрага на внатрешна контрола во МВР добив повратен одговор дека јас сум бил во право, дека полицискиот службеник составил лажна службена белешка, при што известен беше и Народниот правобранител кој состави МИСЛЕЊЕ и го испрати до Апелациониот суд во Скопје.
-Во тоа време, јас на два пати БЕВ НА ЈАВНА СЕДНИЦА во Апелација чии совет го сочинуваа Јани Нича, и сегашните УНАПРЕДЕНИ Судии од Апелација во Врховен Суд, Сафет Кадиру и Цветанка Периќ и таму ми беше кажано дека ако има докази ќе се среди, па си реков ОК, ќе стигнат потребните мислења од МВР и Народен правобранител и ќе одлучат правилно бидејќи нема бегање се гледа на камери како е и што е вистината. Ваљда до толку нема да се прават слепи.
– Стигна што стигнаа потребните мислења и извештаи и ги испратив и јас, мојот адвокат, МВР и Народниот правобранител до Апелација и до Вилма Русковска во ОЈО.
– Во меѓувреме ми стигна нов притвор од Кривичен суд со исто објаснување дека веќе еднаш ми бил одреден ПРИТВОР ама не сум го почитувал и јас веднаш поднесов жалба до Апелација и барање за јавна седница.
– Во меѓувреме ми стигна ОДГОВОР на
жалба од Вилма Русковска во која ДЕЦИДНО вели – “ЈАНЕ ЧЕНТО НЕ ЈА ПОЧИТУВАЛ НАРЕДБАТА НА АПЕЛАЦИЈА И НЕ БИЛ ДОМА И БАРАМЕ ДА ОСТАНЕ ВО ПРИТВОР ВО ШУТКА”, пазете и таа ги има документите што ги имам јас од МВР каде што МВР констатира дека јас сум ја почитувал наредбата од Апелација ама дека полицаецот ЛАЖЕЛ и Вилма повторно ЛАЖЕ, односно при очи да чита што пишува во извештајот од МВР се прави слепа, и тоа не ме ИЗНЕНАДИ, знам што можам да очекувам од човек како неа дека ќе лаже како за се што лаже дури е јавен обвинител, и којзнае колку луѓе има наместено во затвор невини и без докази или со монтирани докази и лажни сведоци. Тешко и на нив.
– Отидов на јавна седница во Апелација со материјални докази НА МОЈА СТРАНА и со очекување дека ќе се исправи таа неправда, им кажав дека сум ја почитувал наредбата и дека доказите го потврдуваат тоа и мислев дека ИМААТ БАРЕМ МАЛКУ ДОБЛЕСТ да донесат правилна одлука но сепак се излажав.
-Имено додека говорев бев цело време прекинуван од судиите, им кажав вие сте ме пуштиле во куќен притвор претходно и јас ја почитуваав таа одлука меѓутоа некој ве излажал дека не сум бил дома и ме вратија во Шутка, погледнете ги извештатите од МВР, Народен правобранител и снимките и ќе видите дека ја говорам вистината и дека некој ме мести и лаже дека не сум бил дома.
-Од судијата Јани Нича, истиот овој што ни беше претседател на судски совет што донесе правосилна пресуда за тероризам и ни намали по 1-2 години ми беше одговорно дрско и безобразно со зборовите – “Е ако де, што ако си бил во право, сега пак ќе лежеш притвор”, ја искрено бев шокиран од таквата дрскост од нивна страна, и си реков како е можно овие да судат луѓе кога се однесуваат вака и со вакви зборови и кога се прават слепи на ЦВРСТИ ДОКАЗИ кои се во моја корсит.
– Нормално јас не можам да го премолчам сето тоа што го прават побарав сето да влезе во записник на што добив одговор што сакаат тоа ќе прават.
– Реално бев немоќен да направам било што друго, јасно ми беше уште тогаш со какви МОНСТРУМИ се соочуваме во правосудството, од ОЈО до СУД, дека можат да ни прават што САКААТ, дека овде нема систем, дека нема држава, дека ова е класичен режим спакуван во обланда дека е некаква демократија, јас се борев и ќе се борам до КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ против овие гадови и овој систем, против овие корумпирани судии и обвинители и нема да попуштам никогаш, бидејќи сум жртва на тој корумирпан систем и таа мафија, а јавноста ќе слуша и убави моменти кога еден ден ќе бидеме надвор, тогаш ќе почнат и постапките против сите овие што се прават слепи и глуви на оваа неправда.
– Меѓутоа сите инволвирани во ова ШТО РАБОТЕЛЕ против законски, што премолчиле докази кои се во моја корист, што се однесуваа така како што се однесуваа на сите ќе ви дојде крајот.
– И немојте да мислите дека се плашам, не, ни од тие што утре треба да поднесам барање до Врховен суд за вондредно преиспитување на судска пресуда, оние кои се изживуваа со нас додека беа во Апелација а денес се во Врховен. Не се плашам, вие го видовте мое однесување пред вас, секој месец додека барав јавни седници, знаев дека нема да ме пуштите но тоа беше да ве “разголам” сите до еден, да видите дека има луѓе со мозок и срце кои нема да ви молчат на вашите неправди кои што ги правите секој ден.
Еден ден ќе се сретнеме….