Безбедноста на патиштата постојано се подобрува – тоа е резултат на нашата посветена работа, јасна визија и цврст приоритет за заштита на сите учесници во сообраќајот, објави директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
– Безбедноста на патиштата се подобрува, за 12,5 проценти е намален бројот на сообраќајни несреќи со загинати лица. Статистиките говорат за делата. Продолжуваме по истиот пат: одговорно, транспарентно и со фокус на животот и безбедноста на секој граѓанин, истакнува Јанев.