Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев денеска се обрати на отворањето на дводневната обука за високо раководно ниво во делот на Полициско работење во заедницата, попознато како Community policing, реализирана во рамки на проектот „Шведска поддршка за полициските реформи во … Македонија“.
-Во моето обраќање потенцирав дека полициското работење во заедницата е стил на полициско работење кој се заснова на доверба помеѓу граѓаните и полицијата, превенција на асоцијални и криминални поведенија, како и заедничко идентификување на проблемите и изнаоѓање решенија за нивно решавање. Убеден сум дека само преку градење партнерства и активно вклучување на граѓаните можеме да создадеме побезбедни, посилни и поотпорни заедници, вели Јанев.
Тој додава дека обуката ќе биде од корист затоа што од круцијално значење е да се создаде и одржи силна врска помеѓу полицијата и заедницата, бидејќи само така може да се постигне траен напредок во безбедноста и правдата во општеството.




