Во интерес на Република Македнија, нема да кажам Северна, ќе кажам Македонија, во интерес на Република Македонија, треба да ми дадат пак шанса, вели во барањето за амнестија екс специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Таа во гостување на подкастот „Претрес со Ландов“, јавно им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и изрази надеж дека тие ќе бидат носители на промените во Македонија.
– Ќе ме благословуваат моите колешки, моментални затворенички. Ние би сакале амнестија, за да може да ни се скратат маките, побара Јанева.
Поранешната специјална обвинителка побара втора шанса од Управата за извршување санкции кои и го одзедоа правото да работи, бидејќи како што рече, нејзиното ненаоѓање во канцеларијата било недоразбирање. Според Јанева станувало збор за недоразбирање кое треба да биде надминато.
– Јас се извинувам многу. Мислам дека ќе надминеме ова на нормален начин. Во интерес на Република Македнија, нема да кажам Северна, ќе кажам Македонија, во интерес на Република Македонија, пример за ресоцијализација како што сум јас, како што можеби ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса. На секој му даваат шанса за вторпат, за да ја оправда довербата. Не само што мене ме осудуваат, туку и цела институција дека не работи во ред. Што не е точно, не е така, рече Јанева.
Видеото може да го отворите ТУКА.