Весна ЈАНЕВСКА

Почитуван министре Шаќири,

Изјавувате дека процесот за печатење учебник е тежок и долготраен. Можеби е, но не е сменет од порано, кога на 1 септември секогаш имаше учебници. ЗНАЧИ: Не ќе да е до процесот, туку до тие што го водат.

Второ, по повод Вашите, а и моите изјави во медиумите и социјалните мрежи ме исконтактираа повеќе наставници. Од дискусиите што ги имав со нив произлегуваат неколку прашања:

1. Зошто повикот за учебници е повеќе пати пролонгиран, иако уште во првиот рок сте добиле понуди за некои учебници? Чекавте ли ПОДОБНИ автори и ПОДОБНИ учебници? По закон ли е пролонгирањето на конкурсот?

2. Точчо ли е дека постојано се ангажираат одредени ПОДОБНИ автори и рецензенти и во комисиите се додава по еден независен за да биде надгласан?

3. Кој тоа врши брутален притисок на рецензентите за избор на одредени учебници и зошто рецензенти кои на поетокот се нафатиле да рецензираат потоа се откажуваат?

4. Дали е точно дека за технички уредени учебници ќе плаќате државни пари за “техничко уредување“ на учебници?

5.Зошто спорниот учебник во кој Бугарија е на исток а Албанија на запад не е заменет? Ќе дозволите учениците да учат од тој учебник? Па нели е срамота?

6. Имате ли воопшто контрола врз случувањата во Педагошката служба?

Заклучок:“ Не заради хаосот во МОН и Педагошката служба“ туку заради тешката процедура за печатење на учебници, УЧЕБНИЦИ НЕМА ДА ИМА!

П.С. Распоред во основните училишта не може да направат, заради “успешноста“ на новата програма за унапредување на образованието која ја потпишавте. ЗНАЕТЕ?