Не сме спремни за новата учебна година така како што треба. И ќе почнам од најважното, а тоа се учебниците по закон учениците треба да имаат готови спремни учебници, тоа не е така и оваа година. Учебниците се основна алтака која им помага на учениците да стекнат знаење и затоа ова е едно од горливите прашања, рече професор Весна Јаневска, претседател на Комисјата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа пропагандната машинерија на СДСМ и ДУИ не убедува дека се е во ред и блескаме, ама за неколку дена ќе видиме дека не е така.
„Министерот за тоа што нема книги бара грешки кај сите, националната комисја, рецензентските комисии, педагошката служба, се е можеби така, ама сите тие се под негови ингеренции. Надлежните се вадат едни на други. Можеби и не треба да ги прават програмите и се надевам дека наскоро ќе се сменат работите. Еден од креаторите на новата концепција кажа дека концепцијата е веќе пропадната, а тој човек ја промовираше како револуционерно откритие за по две години да кажат дека е пропадната“, вели Јаневска.
Професорката посочува дека наставниците се во недоумица никој не им објаснил, да не релам во паника. „Станува збор за интегрирање на предметите и во шесто има предмет историја и општество, а во тој има три модули историја, географија и граѓанско образование, и во прво полугодие се учи историја историја па потоа историја дури во седмо, а во второ полугодие во шесто ќе има географија и граѓанско образование. Ние немаме професор кој може да предава историја, географија, граѓанско образование и на пример професорот по историја во второ полугодие треба да предава изборни предмети и децата ќе се насочуваат по тоа што може да предава наставникот, а не што сакаат деца. И не е само кажи му на наставникот за да не изгуби часови предвај фотографија, ќе седне и ќе чита, ама тоа не е целта“, вели Јаневска.
Таа вели дека за добро образование која и да е влада треба да има коалиција со наставниците, бидејќи децата ќе учат тоа што им кажуваат наставниците.
Дополнително вели Јаневска, ова не е реформа, ова е пропадната реформа како што вели и еден од креаторите на истата, Кирил Барбареев.
„Не е реформа во број и распород на часови, реформата е во тоа што ќе учат децата, како ќе учат, каков ќе биде резултатот на крај од тоа што наставниците вложиле. Ние сите знаеме дека треба реформа, дека треба да се менуваат податоците кои се застарени, да се учат децата да анализираат и слично. Но, за образованието треба консензус. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде позиција која не ја слуша опозицијата. Ние ќе ги слушаме нивните критики ако се издржани. Оваа концепција ќе мора да претрпи длабоки реформи, она што е добро ќе се задржи, но она за уште сега наставниците кажуваат дека не е во ред е запишано и ќе се најде начин да се среди тоа“, кажа Јаневска.
Она што новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи, додава е Јаневска, е да обезбеди пристојни услови за работа на наставниците, а на учениците за учење.
Јаневска се осврна и на проблемот со платите на просветниот кадар.
„Владата вети дека ќе потпише колективен договор во кој платите на наставниците ќе се движат соодветно на минималната плата во државава. Тоа не го направија. За да го оттргнат вниманието од сите проблеми, се ближат избори и сега калкулираат со некои 15 проценти. Потрошувачката кошничка е зголемeна за 15 илјади, а платите на наставниците за 6 илјади денари“, вели Јаневска.