Денес се одржа конститутивна седница на новиот состав на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.

Министерката за образование, Весна Јаневска, упати честитки до сите членови и им посака успех во делувањето!

-Ова е втор мандат на Советот, од кој очекувам да ја интензивира работата и да биде уште поефективен, затоа што и Владата дава приоритет на високото образование и науката. Имаме идентични цели и со заеднички напори, отворен дијалог и конструктивност, полесно ќе ги оствариме. Благодарност до претходниот состав за соработката и за сите остварувања во изминатиот период, посочи Јаневска.