„Институт за бизнис и економија, Институт за геобиологија,археологија и подземни води и екологија, Институт за мода фешн и дизајн, Институт за одржлив развој и унапредување на климатски промени и Институт за наука, алтернатива, култура и уметност. Тоа се затворените научни институти. Причината зошто се затворени, се дел поради неактивност, без никаков проблем со согласност на сопствениците, а дел затоа што не исполнуваат услови. Научна институција првенствено треба да се бави со наука, треба да има програма за научната дејност со истражувања за да понатаму ги соопшти и резултатите од истражувањата, да објави труд некаде тоа да се види тоа што е работено. Овие пет немаат такво нешто што значи не ги исполнуваат условите и тие што работеле работеле некои ситни проекти, веројатно колку да опстојат, и немаат причина да се водат во регистарот на нашите научно и високо образовни институции. Кај 15 други институти е направен мониторинг, и по она што го прочитав 10 од нив ќе ги најде истата судбина. Исти се причините, бидејќи не ги исполнува условите. На сите овие институции дадовме три месеци временски период да се искорегираат, тие што ќе се искорегираат ќе продолжат, а за тие 10 од извештаите кои ги читав ќе биде многу тешко било што да направат“ изјави министерката за образование д-р Весна Јаневска.

Таа додава дека „Кога се формирале овие институти може исполнувале одредени услови, но законот не е одамна менуван, никој не ги мониторирал, а сега созреа времето кога тоа требаше да се направи и сега се прави. Откако се вратија во Министерството членовите од Комисијата им се јавија од Институцијата кај што вршеле надзор со зборови: „Знаете ли кои сме ние, кои сте вие ова да го правите, кој ви дозволи?“ Проценивме дека не треба во тој момент, дека заканите не се по живот, затоа и дадовме време од три месеци тоа да се искорегира, па и да ги заштиме овие луѓе, дозволивме оваа процедура да се повтори. Не верувам дека ќе се случи драматично, но ако се повторат заканите колку и да се лесни ќе бидат пријавени.“

„Постапуваме по пријави за одредени институции според ингеренции на Државниот просветен инспекторат. Кога ќе стигне до МОН ние ја препраќаме до ДПИ. Многу такви пријави има. Дополнително не сите соработуваат, дел од нив прават опструкции, ДПИ од нив бара документи по писмен пат, па тука тече некој рок, обично го чекаат последниот ден за доставување на документи. Зборуваме за универзитети, и тоа ја отежнува процедурата. Имаме уште еден проблем, а тоа се пропусти во законот за високо образование, и тоа го поправаме. Имаме и пропусти и на Агенцијата за квалитет во високото образование. Јас реков дека немаше средства на некои факултети за евалуација, обезбедивме средства, но сега Агенцијата не е спремна тоа да го направи, првенствено со документација, а потоа со обврските кои не се завршени“ додава Јаневска.

Таа посочи дека „Нема да има дискриминација во однос на државните и приватните високообразовни установи, сите ќе го поминат истиот процес, но тоа не може во шест месеци ни година тој процес ќе трае. По еден случај се постапи, еден професор кој е избран со звање неправилно, веќе Рецензионата комисија си плати казна, дека на директорот на дојдоа на порамнување на казната, ДПИ им прави пријава, тоа е поднесено и професорот не предава веќе таму, а на истиот факултет за друг професор кој идентично не е легално избран, Комисијата си прати казна, повторно деканот и ректорот не дојдоа да платат казна, ќе одат по пријава, а тој професор се уште предава. Има уште такви случаи.“