На денешното рочиште од предметот „Таргет-тврдина“, пред Сашо Мијалков, сведочеше екс министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Одговорноста за уништувањето на опремата за прислушување им ја префрли на членовите на комисијата на УБК, комисијата за која таа самата потпиша да се формира, но без да ја знае целта на дејствијата на членовите на комисијата.

Таа пред присутните во судницата рече дека не знаела дека во земјава нелегално се прислушува, а за тоа дознала од Специјалното јавно обвинителство, кое што го истражувало случајот. Јанкулоска објаснува дека рутински потпишала да се формира Комисија за да се уништи опремата за снимање, но не знаела која е целта на нејзиното дејствување. Прстот за одговорноста го впери кон членовите на Комисијата. „Како сосема рутинска работа решението кај мене било проследено на потпис без никакви забелешки, укажувања, уредно парафирано дека е целосно усогласено со она што го бара УБК и било потпишано“, рече Јанкулоска.