Комисијата за заштита од дискриминација констатираше дека поранешната министерка за внатрешни работи како осуденичка е дискриминирана во затворот „Идризово каде што издржува затворска казна од четири години.
Комијата утврдила директна дискриминација од страна на Управата за извршување на санкции кон осуденичка од женски пол.
Конкретно, на Јанкуловска и е оневозможено користење на посети надвор од установата, одмор, како и работно ангажирање.
Комисијата во обраложението констатира дека станува збор за погодност кое може да се користи ако осуденото лице одлежало третина од казната или пак има примерно поведение.
Комисијата и препорачува на Упрвата за извршување на санкции во рок од шест месеци да изготви акциски план со конкретни работи и буџетирање за сите осуденици без разлика на пол да можат да ги користат сите погодности пропишани со закон.