Нашиот недосонуван европски сон се претвори во ноќна мора, пишува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во неговата колумна под наслов „Во ЕУ до 2030 – мало сутра“ во весникот Нова Македонија.

– Франција ја понуди Европската политичка заедница како Европа од втор ред, со која проширувањето на ЕУ не е на прво место. Тоа е уште еден нов фрустрирачки ‘страничен пат’, кој се обидува да заштеди време за проширувањето. Европската политичка заедница е трик за оградување на процесот на проширување, или грандиозен, но нејасен предлог, што доаѓа од Франција. Власта, на која за ништо не треба да ѝ се верува, зашто лагата ѝ личи, не може, или не сака да го види тоа, пишува Јанкуловски.

Во меѓувреме, пишува Јанкуловски, ние ќе се прпелкаме во нашата неспособност и заблуденост по ЕУ, како сите одговори на нашите проблеми да лежат таму.

– Ќе си играме и натаму држава, чии политички лидери се смеат како недоветни и веруваат безусловно на сѐ што ќе им ветат од Унијата, заборавајќи дека секоја држава се раководи од националните интереси за сѐ што презема на надворешнополитички план. Кои ние одамна ги немаме. Ја имаме Унијата како фиксација на политиката. Го имаме и претскажувањето на премиерот Ковачевски: Македонија во ЕУ до 2030. Нострадамус од ‘Али експрес’. Што би рекол несудениот нобеловец од Муртино: ‘Мало сутра’, а може ни тогаш, пишува Јанкуловски.

Целата колумна во Нова Македонија.