Премиерот на Словенија, Јанез Јанша е првиот европски лидер кој му ја честиташе победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
– Доста е очигледно дека американскиот народ им доверил уште еден четиригодишен мандат на Доналд Трамп и Мајк Пенс. Колку повеќе меинстрим медиумите ги одложуваат и негираат фактите, толку ќе биде поголема победата на Трамп. Честитки за одличните резултати низ целата земја, напиша Јанша на Твитер.
Тој се огласи набргу откако Трамп одржа прес-конференција во Белата куќа, на која што прогласи победа на изборите. Трамп притоа го повика Врховниот суд да го прекине броењето гласови и ги обвини Демократите дека сакаат да му ја украдат победата.