Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави денеска пред пратениците дека земјата е во голема борба со последната третина од епидемијата на Ковид-19, по што ќе следува период на отстранување на последиците.
Договорот на ЕУ за пакетот за закрепнување носи „светло на крајот од тунелот“, а Словенија дел од средствата ќе ги намени за здравството.
Јанша доби пратеничко прашање за владините мерки за закрепнување на економијата по епидемијата и надоградување на здравствениот систем.
Словенечкиот премиер одговори дека Словенија се подготвува за борба со последната третина од епидемијата, а потоа ќе следува отстранување на последиците.