На предвремените парламентарни избори во Словенија убедливо победи Јанез Јанша и неговата Социјалдемократска партија (СДС) освојувајќи повеќе од 25 проценти од гласовите, односно повеќе од една четвртина од 90. собраниски седишта. Но, имаше и изненадувања на овие избори, после кои победникот Јанша ќе има големи проблеми да состави коалција.

Според избројани околу 70 проценти од гласачките ливчиња, вечерва по 21 часот е објавено дека СДС има освоено 26 седишта, а потоа следи Маријан Шарец, комичарот кој со неговата листа доби 13 пратенички мандати. Партијата на Модерниот центар на Миро Церар е трета по силина со 10 пратеници, Левица освои девет, а поселдните резултати кажуваат дека во парламентот после долги години се враќа Змаго Јелинчич. Во новиот парламентарен состав пратеници ќе има и партијата на Аленка Братушек – вкупно 5.

На овие избори се смета дека одзивот бил помал отколку на претходните, а интересно е што дури девет партии влегоа во парламентот и самото тоа кажува дека ќе биде тешко да се состави влада.

Откако беа соопштени првичните резултати, Јанша рече дека СДС е отворена за разговори за коалција, но медиумите оценуваат дека тоа ќе биде „екстремно тешка задача“.