Словенечкиот премиер Јанез Јанша за Бугарското национално радио (БНР) изјавил дека ја сфаќа позицијата на Бугарија околу нејзиното вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, бидејќи таа е земја членка на Унијата, но дека мора да се најде компромис, јави дописникот на МИА од Софија.
– Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на останатите. Мора да се однесуваме како семејство, но мора да се обидеме и да најдеме компромис, истакнал Јанша за БНР.
Предлог на португалското претседателство за повлекување на бугарското вето за старт на преговорите со земјава, Јанша го оценил како добар.
– За Бугарија е добро да прифати нација која зборува сличен јазик и има блиска култура. Можеби прашањето е спорно, но треба да имаме стратешки поглед на работите, додал Јанша.