ЈАНУШЕВ: И Талибанците би се гордееле со Заев и СДСМ

/ 02.05.2020

Игор ЈАНУШЕВ

Талибанците би се гоордееле кога би дознале што прави Заев и СДСМ со сонцето во Крива Паланка. Талибанците со пушка рушеа историски споменици, а СДСМ и Заев Багдади корнат историски симбол за време на полициски час.

Мислат дека така ќе си го покријат срамот од капитулациите и дека така ќе станат поблиски до оние кои тоа не го бараат од нив, а овие упорно им се додворуваат.

Дури и комунистите, чии што наследници пропагираат дека се, би се срамеле од ваквиот чин. Го гребат затоа што имаат нечиста совест која ги гребе – и ќе ги гребе.

Но, тоа било тука и пред нас и ќе биде после нас.
Само уплашени мразачи ќе помислат дека ќе го снема. Сонцето е живот, Сонцето е Македонија, Сонцето сме сите ние. И не можат со ништо да не избришат.

Фејсбук статус на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.


Од истата категорија