Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3, Игор Јанушев заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општина Петровец. Од Петровец Јанушев порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е реална и вистинита, и оти се што е ветено во неа ќе се исполни за еден четиригодишен мандат.
-Ова што го прават веќе неколку недели уште пред почетокот на кампањата веќе ја доживува својата кулминација. Ги оправдувам и донекаде ги разбирам, зошто? Бидејќи знаат дека паѓаат, знаат дека губат. Ова се очајнички потези на губитник кој по секоја цена се обидува да си ја спаси сопствената кожа. СДСМ, Зоран Заев, Љупчо Николовски и сите останати од криминално рекетарската банда се испеана песна“, нагласи Јанушев говорејќи за власта.
Тох додаде дека доаѓа обновата и подобро утре за граѓаните на Република Македонија.
-Во овие 3,5 години поминавме еден период кој што е буквално најтежок, најдемотивирачки, период каде што буквално доминираше апатијата, наведнатата глава, свитканата кичма. Но сега следува период во кој што главата се исправа, кичмата се подигнува, каде што ќе живее еден нормален и достоинствен живот, онаков каков што заслужуваме. Програмата се работеше долго време бидејќи бевме сигурни во она што го правиме, во овој целиот период од кога се одложија изборите го посветивме на тоа, значи буквално се што ќе ставиме во програмата да е реално, да е вистинито, да е остварливо. Затоа што овде ќе бидеме по неколку месеци помеѓу вас, овде ќе бидеме и следната година за локалните избори, овде ќе бидеме во целиот овој период. Сакаме и ќе имаме и образ, и лице повторно да се погледнеме во очи да ви кажеме што сме сработиле од ветеното, што ни следува во иднина. А, јас сум сигурен дека сите вие, дека буквално секој човек во Република Македонија ќе го препознае она што го нудиме, потенцираше Јанушев.
Тој им порача на граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ нуди чест, достоинство, но пред се нуди работа и труд. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на секое поле. ВМРО-ДПМНЕ ветува дека ќе ги зголеми платите за 25 отсто, пензиите за 20 отсто, намалување на невработеноста под 10 отсто во 4-годишниот мандат, но и 4 милијарди домашни и странски инвестиции за истиот период. с