Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и министрите за локална самоуправа и за дигитална трансформација Златко Перински и Стефан Андоновски денеска во Естонскиот парламент имале средба со Парламентарната група за соработка со земјава.

На средбата било разговарано за новите можности за соработка, поддршка и размена на искуства, како и за иницијативата за размена на добри парламентарни практики особено поврзани со финансирање на развојни програми, децентрализација и дигитална трансформација.

– Заедно со министерот за локална самоуправа, Златко Перински и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски разговаравме со г-дин Петер Тали, претседател на Комисијата за европски прашања и претседател на групата за пријателство со Македонија, како и со г-ѓа Анели Акерман, претседател на Комисијата за финансии и поранешен министер за финансии. Градењето блиски односи и континуирана комуникација со оваа група е од суштинско значење за поддршка и отворање нови можности за соработка, поддршка и размена на искуства. Разговаравме за иницијатива за размена на добри парламентарни практики, особено поврзани со финансирање на развојни програми, децентрализација и дигитална трансформација, објави генералниот секретар на Владата Игор Јнаушев на Фејсбујк.

На средбата биле споделени информации и за текот на Националната развојна стратегија, за улогата на Парламентот во процесот и потенцијалот за заеднички активности со естонските институции, особено во делот на инвестирање во развојни политики и долгорочна визија.

– Ова е почеток на една поактивна соработка со пријателска Естонија, напиша Јанушев. (МИА)