Игор ЈАНУШЕВ
Предизборни лаги на СДСМ и Љупчо Николовски во 2016та година:
– За секое семејство по двајца вработени да има 1000 евра со кои ќе се покријат.
❎ Не само што нема плата од 1000 евра, туку и нема по двајца вработени во секое семејство.
Единствено што има е партиски вработувања, непотизам и беззаконие.
– Секој вработен во здравствениот сектор да зема дупло поголема плата.
❎ Не само што не се покачени дупло платите, немаше и 4 месеци плата за лекарите од „Ало докторе“, немаше опрема за медицинските работници кои во најголемата криза со Ковид 19 се снаоѓаа сами, здравството зависи од донации,но Нина Ангеловска бара донации за буџетот, нејзината НВО зема пари од Фондот за иновации.
– 32 општини гасифицирани
↘️ Бидејќи од сета оваа лага не е ништо реализирано, гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме. Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи. Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата.
– Гаранција на откуп, пласман со нови договори и нови пазари за секој земјоделски производ
❎ Од сите лажни ветувања на СДСМ, половично им е реализиран само проектот за зелена нафата, но и тој не е успешен, бидејќи вредност во картичките е премногу мала и таа нафата не им користи.
– Чесна, одговорна и искрена власт
❎ 3 ипол години бевме сведоци на лаги, манипулации, криминални тендери, заробено судство.
Од одговорност нема бегање, исто како и од поразот кој ќе го доживее СДСМ на 15 јули!