ЈАНУШЕВ: Со Законот за ЈО, Заев се обезбеди снимките од Рекет против него, да не се доказ

/ 20.02.2020

Законот за јавно обвинителство никогаш не може да го види светлото на денот, истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во емисијата Клик Плус ТВ 21. Тој посочи дека од формално правен апсект Законот за јавно обвинителство кој власта на Заев насила го туркаше не помина. Јанушев потсети и она она како што вели таканаречено извинување од Џафери дека е направена грешка при носењето на законот.

-Ако гледаме од формално правен аспект законот не помина, дали е тоа за жал или за среќа, но факт е дека законот не помина и всушност го видовме она таканаречено извинување од Џафери дека е направена сериозна грешка и пропуст и каков таков законот не може да го види светлото на денот, бидејќи без разлика дали е грешката немерна или ненамерна грешката е направена, вели тој

Со новиот закон за ЈО потенцираше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ дека сето она што го слушнавме за Заев и неговата поврзаност со рекет нема да може да се користи како доказ.

-Сите разговори кои што излегуваа и излегуваат се уште во јавноста почнувајќи од „Рекет“, почнувајќи од онаа аудиснимка која што ја слушнавме, целата македонска јавност виде дека Заев не само што знаел туку и бил дел, нема да може да се користи како доказ, истакна Јанушев.

Да потсетиме дека при носењето на Законот за јавно обвинителство првиот обид за гласање пропадна по што спротивно на Деловникот, Талат Џафери повика на повторно гласање. Додека при носењето на Законот за совет за јавни обвинители спротивно на Уставот, не беше иститот изгласан со бадинтерово мнозинство.


Од истата категорија