Цветањето на јапонските цреши оваа година започна најрано во последните седум децении, а експертите наведуваат дека причина за тоа најверојатно се климатските промени.
Цветањето на црешите го следи Јапонската метеоролошка агенција речиси 70 години, а забележано е дека првата цреша оваа година процветала во Кјото на 26 март.
Слични рекорди се регистрирани во повеќе десетици градови низ земјата.
Цветот на црешата „сакура“ вообичаено цвета во април, кога Јапонија го слави почетокот на новата учебна и работна година. Но сега повеќето дрвја процветале пред првиот училишен ден.
Научникот за заштита на животната средина во Осака, Јасујуки Аоно, кој ги следи историските документи, изјави дека најраното цветање пред оваа година било на 27 март во 1612, 1409 и 1236 година.