Јапонските власти сакаат да ја продолжат вонредната состојба во Токио и други области за околу три недели – до 20 јуни. Тоа го потврди министерот за економија, бидејќи пандемијата со Ковид-19 не покажа знаци на намалување на помалку од два месеци пред отворањето на Летните олимписки игри.
Вонредната состојба во главниот град и осум други префектури требаше да заврши на 31 мај, но здравствениот систем е се уште сериозно оптоварен.
Последниве денови во Јапонија се забележува рекорден скокна пациенти со Ковид-19 во критична состојба, иако растот на новозаболените лица е забавен.
Имаше повици од лекари, компании и стотици илјади граѓани да ги откажат Олимписките игри, кои треба да започнат на 23 јули. Јапонски официјални лица, организатори на Олимписките игри и Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопштија дека Игрите ќе продолжат под строги мерки за спречување вируси, без оглед на тоа дали градот домаќин, Токио, се наоѓа во вонредна состојба во тоа време.
До денеска, Јапонија регистрираше околу 727.000 инфекции со коронавирус и 12.597 смртни случаи. Вакцинирани се околу шест отсто од нејзината популација.