Благодарам што го прифативте повикот за протест и сте тука со нас вечерва. Ви благодариме што ја споделувате нашата загриженост и згрозеност од криминалот и насилството на СДСМ врз животната средина тука во Карпошm изјави Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош по синоќешниот протест.
Според него, власта противзаконски се стекна со имотна корист и истовремено затрупаа еколошка бомба што секој момент може да експлодира.
Одржавме прес конференции, дававме изјави во јавноста, поднесовме пријави до инспекторатите. Им доставивме серија на закони, слики и материјали, докази, а СДСМ, Шилегов и Богоев мува не ги лази си тераат по старо.
Тука сме бидејќи се уште гледаме камиони како истураат шут во заштитена зона. Малку им е што воздухот е веќе токсичен, па преминаа кон уништување на почвата и загрозување на подземните води.
Решија да ја укинат историјата, а со ова безобразие и насилство врз животната средина јасно е дека имаат цврста намера да ја укинат и иднината.
Бидете сигурни дека од одговорност за стореното ниту ќе избегаат, ниту ќе се сокријат. Еден ден ќе одговараат.
Некој треба да им ги отвори очите и да им каже дека срамот и совеста од сторениот криминал и од еколошкото злосторство со нивниот канцер парк не можат да ја исперат со садење на неколку грмушки и по некое дрвце.
Некој треба да им каже дека граѓаните се свесни што прават. Некој треба да им каже дека ова веќе не смее да продолжи, ниту пак да се повтори, ниту во Карпош, ниту во Скопје, ниту било каде во Република Македонија.
Би сакал во оваа прилика да ја искористам и да ги запознаам карпошани дека како советници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Карпош договоривме со О2 иницијативата да поднесе седум амандмани за буџетот на општина Карпош за 2021 година, за заштита на животната средина.
Еден од нив е и амандманот со кој се предвидуваат средства за започнување на итна постапка за санација и ремедијација на депонијата што ја создадоа.
Нема повлекување, нема замижување, нема премолчување.
Остануваме доследни и посветени на целите и одредбите за заштита на животната средина.