-ДУП-от кој СДС и ДУИ го туркаат преку Стевчо Јакимовски не води сметка за граѓаните, туку за нивниот личен и интересот на Пуцко Петрол. За СДС и ДУИ нема доволно висока цена која граѓаните ќе ја платат, а која би ги спречила во обидот за бетонизација, единствена цена која ги интересира е цената на метар квадратен.
Колку повисоко и полуксузно, толку подобро за СДС и ДУИ, за нив нема никакво значење што Карпош се блокира инфраструктурно и се отежнува сообраќајот во Скопје, важен е само профитот.
За 600 милиони евра бизнис, Стевчо Јакимовски им е впрегнат па држи пресконференции и во недела на кои нема ниту еден аргумент за ДУП-от, туку само кажа колку е неуспешен.
Дека ДУП-от кај Алумина е единствено за бенефит на СДС, ДУИ и Пуцко Петрол како инвеститор знае и Стевчо Јакимовски, но очигледно мотивацијата да го протурка му е многу голема, па решил да се вплеткува во небулози.
Политичкиот пазар на СДС и ДУИ сите го знаат, прашање е која е добивката за Стевчо Јакимовски за истиот наместо градоначалник да глуми портпарол на инвеститорот?, прашува Јаревски.