Директорката на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп, Снежана Котева, се огласи откако ученик падна од прозорец.

Таа вели дека станува збор за ученик кој е беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружељубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение.

Нејзиното соопштение прочитајте го во продолжение:

„Во текот на вчерашниот ден во попладневната смена, за време на големиот одмор, се случи пад на ученик од втор кат на училиштето. Веднаш по известувањето за случката отидовме на местото и ученикот беше во контактибилна состојба, свесен временски и просторно.

Во истиот момент од моја страна е повикана единица за итна медицинска помош, која интервенираше веднаш. Потоа ученикот е транспортиран со амбулантно возило до одделението за анестезија и трауматологија, во општата болница „Борка Талески” – Прилеп во наше присуство, мое и на класниот раководител.

По одредени испитување добиена е препорака за транспорт на ученикот во државната болница „Мајка Тереза”- оддел клиника за детска хирургија како придружба на мајката во периодот на хоспитализацијата на ученикот и дополнителните испитувања присутни бевме јас, како раководител на институцијата и класниот раководител на ученикот.

Касно околу полноќ од дежурниот лекар на клиниката за детска хирургија добивме информација дека ученикот е во добра општа здраствена состојба, контактибилен, со одредени повреди, но е надвор од животна опасност и е во стабилна здравствена состојба.

Сакам да истакнам дека станува збор за ученик кој е беспекорно послушен, дисципиниран, воспитан, одмерен, дружељубив, трудољубив, редовен ученик со одличен успех и примерно поведение.

Од страна на вработените во училиштето е постапено навремено и правилно. Дежурните наставници најодговорно ја извршуваат својата обврска, во однос на дежурствата и присуството во ходниците во училиштето, почитувајќи го кодексот на однесување.

Моменталната состојба после обавениот разговор во текот на денешниот ден со родителот е стабилна и под контрола”, напиша директорката Снежана Котева.