Јавниот долг на Србија на крајот на септември оваа година изнесувал 26,6 милијарди евра, што е 56,7 проценти од БДП, соопшти денеска Министерството за финансии.
На крајот на август, јавниот долг исто така беше 26,6 милијарди евра.
На крајот на минатата година јавниот долг изнесуваше 23,9 милијарди евра, што беше 52 отсто од БДП.
Како што беше објавено деновиве, во Македонија јавниот долг надмина 60 отсто од БДП, а денеска пратениците во македонското Собрание расправаат за ново задолжување на земјава.