Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџоски, утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција.
Од Обвинителството засега нема информаци зошто Караџовски е повикан во Обвинителството.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за додатоците на плати на членовите на Судскиот совет. Во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто.