Чудни се овие трендови што денеска се прифаќаат и во Македонија, играчките за деца и барбиките да не бидат ни машки ни женски род туку унисекс, а сосила од партизаните и борците да се произведуваат борки!

Тоа го направи и премиерот Зоран Заев и наиде на потсмев на социјалните мрежи со „неговите борки“.

– Денеска, на 78 годишнината од државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“, стоиме исправено со почит кон борците и БОРКИТЕ од НОВ. Пред 78 години тие ја отпочнаа борбата за слобода и ја добија слободата. Нашата генерација, на свој начин ја повтори таа борба, и еве ја повторно слободата – ја живееме, ја уживаме. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание, порача Заев на Фејсбук.

Таков збор, борки, не постои во ниеден речник на македонскиот јазик. Има херои и хероини, но не борки. Ама според новиот јазик на Заев покрај војвода ќе добиеме и војвод. Итн.

Чудна е оваа „северџанска“ страст по милион пати да се употребува „северна“ во една изјава од пет збора, да се брише родот таму каде што природно функционира, а да се измислува женски род таму каде што стрчи и не личи на номиниран кандидат за Нобелова награда.

(Д.Г.)