Прекин на огнот во Ходеида ќе почне на полноќ, изјави неименуван претставник на Обединети нации.
И покрај тоа што минатата недела беше постигнат договор за прекин на огнот, продолжија борбите во Ходеида.
Во меѓувреме и шефот на јеменската дипломатија Халед ал Јамани потврди дека денеска на полноќ стапува во сила примирјето во Ходеида.
Договорот за прекин на огнот беше постигнат на еднонеделните консултации во Шведска помеѓу претставници на јеменската Влада и шиитските бунтовници Хутите со посредништво на Обединетите нации.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на 13 декември изјавио дека страните вклучени во конфликтот во Јемен, постигнаа договор за примирје во провинцијата Ходеида и за повлекување на војската од спорното пристаниште Ходеида на Црвено Море.
Тој прецизира дека Договорот вклучува распоредување неутрални сили и создавање хуманитарни коридори.
Следниот круг преговори помеѓу јеменската Влада и Хутите е закажан за јануари 2019 година, кога ќе се дискутира за политичко решение за конфликтот.