Јирген Клоп е тренер на еден од најуспешните фудбалски клубови, Ливерпул.
Клоп е една од најважните фигури во светот на спортот во родната Германија, а стекна и голема почит во Велика Британија.
Но, успехот во фудбалот не е најважната работа во неговиот живот. Тренерот роден во Штутгарт, за време на интервјуто што го даде за Би-Би-Си во 2016 година, рече: „Проблемот е што јас сум христијанин. Тоа, само по себе, не е проблем, но е проблем, мислам, што и другите луѓе исто така можат да бидат успешни. Но, ако ме прашате за Ливерпул, би сакал да славам нешто секоја сезона“.
Само неколку недели откако стана тренер на Ливерпул, Клоп веќе покажа подготвеност да зборува отворено за својата вера во интервју: „Јас сум христијанин, морам да кажам, и верувам во Бог“.
„Се чувствувам како да сум во сензационално добри раце“
Во Германија, Јирген Клоп двапати ја освои Бундеслигата со Борусија Дортмунд. Воедно дојде до финале во Лигата на шампионите во 2003 година.
Во интервју за локален германски весник, Франкфуртер Рундшау рече: „Да се биде верник, а да не сакаш да зборуваш за тоа – не знам како тоа би било изводливо“.
„Ако некој ме праша за мојата вера, јас му давам информации. Не затоа што тврдам дека сум мисионер “.
„Кога ќе се погледам себеси и мојот живот – а за тоа одвојувам време секој ден – се чувствувам како да сум во сензационално добри раце“, додаде тој, „И сфаќам дека е многу тажно што другите го немаат тоа чувство на безбедност – иако тие тоа не го знаат, се разбира, затоа што во спротивно ќе го бараат“.
Во тоа интервју, тој ја опиша и тешкотијата на играње фудбал во недела наутро, кога сè уште бил тинејџер, и како сфатил дека има доволно време во текот на неделата да се посвети на растењето во христијанската вера.
„Исус Христос е најважната личност во историјата“
Во едни интервју за германски медиум, Клоп изјави: „Исус Христос е најважната личност во историјата. За мене тоа е лесен одговор “.
Тој продолжи да објаснува зошто верува во Исус: „Оваа личност доаѓа во светот, има јасна мисија, која не е лесно да се оствари“.
„На крајот на својот живот, Тој ги зеде сите гревови на самиот себе и беше прикован на крстот“. Поради тоа смртта на Исус на крстот „беше едно од најголемите остварени дела досега, затоа што промени сè“.