Основното јавно обвинителство Битола ја извести јавноста дека е поведена постапка против едно лице кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.
Од обвинителството откриваат дека постои основано сомнение дека пријавениот 34-годишник на 4 јуни, во раните утрински часови, со пожар предизвикал значителна опасност по имотот од големи размери. Тој истурил бензин врз влезната врата од Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, ставил фитил на прагот и го запалил.
Јавниот обвинител до судијата доставил предлот за мерка притвор бидејќи постоела опаност лицето да се даде во бегство.
Во меѓувреме, извесен Борис Каравелов во еден од коментарите на официјалната Фејсбук страница на порталот Фактор напишал: „ЛАМБЕ. Нема да живее долго.ЛАМБЕ. Нема да живее долго“. Коментарот се однесува на македонскиот пејач Ламбе Алабакоски кој денес беше уапсен поради потпалување на таблата на клубот „Иван Михајлов“ во Битола, настан кој крена прашина во јавноста.