ЈО ги презело сите списи од Судскиот совет за „Таргет Тврдина“ на Сашо Мијалков

/ 13.12.2024

Откако Јавното обвинителство оформи предмет за Артан Груби и судијата Енвер Беџети кои се најдоа на американската црна листа, истражител од Истражниот центар на Јавното обвинителство веќе ги побарал и презел сите списи од Судскиот совет поврзани со случајот со незаконското масовно прислушување Таргет Тврдина како што соопштија од скопското јавно обвинителство, се превземаат активности во врска со постапките за утврдување на одговорност за судии кои постапувале во предметот познат во јавноста како Таргет- Тврдина.

Се преземаат и други дејствија за целосно испитување на случајот, велат од Обвинителството.

Инаку, според Стејт Департменот Груби и Беџети биле вклучени во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда за поранешнениот шеф на УБК Сашо Мијалков, кој Беџети девет месеци го чуваше во фиока со што придонел предметот да застаре.


Од истата категорија