На официјалната страна на јавни набавки објавен е оглас од страна на Јавното обвинителство за набавка на службени возила.
Така во огласот во предмет на договорот за јавна набавка стои службени патнички моторни возила за Јавно обвинителство на Македонија. Во проценета вредност стои износот 4.237.289 денари или скоро 70 илјади евра за службени возила.
Според критичарите на власта и институциите континуирано трошат пари за луксуз во време на економска криза и на енормни задолжувања кои се случија минатата година а се планирани и во тековната.
Неодговорното однесување на власта со државата каса и со парите на народот според економистите е неоправдано поради фактот што има многу други поважни приоритети за насочување на средствата како на пример во стопанството кое секој ден се соочува со пропаднати фирми и испуштени работници.
Инаку, власта вети поекономично и домаќинско работење со парите на граѓаните но тоа според информациите тоа ветување воопшто не се исполнува.