По повод завршуавње работи на реконструкција на станица од метрото на њујоршката 72. улица, американската сликарка од јапонско потекло, Јоко Оно ги наслика ѕидовите.
Сатницата се наоѓа во квартот Upper West Side, на Мехентн, во непосредна близина на зградата Дакота во која живее и пред која во 1980 година беше убиен нејзниот сопруг, популарниот Битлс – Џон Ленон.
Јоко Оно (85) ги наслика ѕидовите со сина подлога која претставува небо и бели облаци и покрај нив напиша – Dream, Remember love и Imagine peace.
– Муралите во метрото ќе го донесат небото така што тоа ќе биде постојано со нас. Се андевам дека уште долго на моите њујоршки сограѓани ќе им носи мир, спокој и радост, нагласи таа.