Повеќе од 1.600 лица се уапсени во последните три дена во Јордан поради непочитување на полицискиот час, што е воведен во цела земја како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19.
Полицискиот час е воведен во саботата,, а вкупно 1.657 луѓе се уапсени поради непочитување на забраната за движење и се префрлени во центрите за карантин, кои ги надгледува армијата.
Јорданскиот министер за внатрешни работи Салам Хамад претходно најави дека тие што ќе го кршат полицискиот час ќе бидат во двонеделен карантин и ќе бидат казнети.
Во Јордан досега се регистрирани 153 случаи со новиот коронавирус.