Иван Јорданов, кандидатот за градоначаник на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, изјави дека води со 3 000 гласови пред Сашко Николов од СДСМ и дека според информациите кои пристигнуваат, тој очекува победа уште вечерва, односно победа во првиот круг.

Најави чесен пристап кон функцијата, а со оглед на тоа што не очекува економска криза, според него ќе биде битно да се реализира програмата за да се избегне економскот удар и да се доживее развој.